+389 78 386 405 +389 76 217 358

Penelope Vila ⭐⭐⭐

Edipsos Evia Grcija

Опис : Вилата Penelopa се наоѓа во срцето на Loutra Edipsos, на само 150 метри од плажата и познатите термални минерални извори. Овој модерен објект нуди пријатна атмосфера, елегантно уредени студија и одлична локација – идеална за семеен и паровски одмор.
Локација:  Сместена во центарот на Loutra Edipsos, вилата се наоѓа на само неколку минути пешачење од Treis Moloi Beach и Edipsos Thermal Springs. Во близина се достапни таверни, маркети, пекари и кафулиња. Аеродромот Nea Anchialos е оддалечен околу 67 км.
Сместување и содржини:  Вилата располага со 19 модерно опремени студија, елегантно уредени и со современ мебел. Секоја соба располага со: приватен тоалет со туш, комплетно опремена кујна со мини фрижидер, клима-уред (доплата на лице место), телевизор, Wi-Fi интернет (бесплатно), тераса со маса и столици
Во вилата на гостите им се достапни рецепција, лифт, како и пријатна атмосфера со семејна услуга.
Двор и удобности:  Објектот располага со сончева тераса и градина со зеленило, а во непосредна близина има бесплатен јавен паркинг.
Услуга и хигиена:  Сместувањето е чисто и редовно одржувано, а персоналот е љубезен и секогаш достапен за помош. Пешкирите и постелнината се менуваат на секој 7 дена.
Предности:  Одлична локација 50м од море и 150 м од плажа, пространи и елегантно уредени студија, бесплатен Wi-Fi и пристап со лифт, современо опремени кујни, мирна и пријатна атмосфера, идеално за семеен и паровски одмор
 
Програма на патување
Едипсос – Остров Евија
1. Ден
Состанок на групата еден ден порано во 22:30 часот на паркингот спроти спортската сала „Борис Трајковски“. Поаѓање кон Грција во 23:00 часот. Патувањето продолжува преку Лариса и Глифа, каде се качуваме на траект за островот Евија. По околу 30 минути пристигнуваме во пристаништето Агиос Кампос, на само 17 км од познатото бањско место Лутра Едипсос. Пристигнување во утринските часови, сместување во хотел и одмор.
2 / 3 / 4 / 5 / 6 Ден
Одмор и рекреација. Уживање во морето, сонцето и термалните води на Едипсос. Препорачуваме прошетки по шеталиштето, посета на таверни со традиционална грчка кујна и релаксација во природните извори покрај морето.
Во текот на престојот, патниците имаат можност да изберат и учествуваат во некој од следните факултативни излети:
Факултативни излети
- Посета на Атина  – целодневна екскурзија со водич. Разглед на Акропол, Партенон, плоштадот Синтагма, смената на стражата и шопинг во квартот Плака.
- Посета на островот Скијатос  – автентично морско искуство со брод и капење на познатата плажа Koukounaries, една од најубавите во Грција.
- Посета на грчките Сејшели  – Лихадонисја – излет со бродче до волшебните вулкански островчиња со тиркизна вода и песочни плажи, идеални за капење и релаксација.
7. Ден
Последен ден за одмор и подготовка за враќање.
8. Ден
Напуштање на собите во 08:00 часот. Поаѓање кон Скопје со кратки попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.
 
 
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- Цените од табелата се дадени по лице со вклучен превоз, за минимум 2 лица во соба. 
 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Автобуски превоз Скопје – Едипсос - Скопје
* Сместување во Студио 7 ноќи
* Траект повратна карта Глифа – Агиос Камос – Глифа
* Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за време на престојот.
 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка Такса 2 евра од ден по соба (се плаќа во објектот)
 
НАПОМЕНИ:
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 08:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. 
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување. 
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Фул Сервис Операторс.
 
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовните цени;
– Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
 
ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ со ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ 
- 3то ЛИЦЕ ГРАТИС ПЛАЌА САМО ПРЕВОЗ во СТУДИО 1/3-
- ВО ДУПЛЕКС АПАРТМАН МИНИМУМ 4 УПЛАТИ 5-то лице ГРАТИС плаќа само превоз-
За користење на сопствен превоз се намалува -20 ЕУР по лице
 
Период 1/2
Bus+Traekt+Smestuvanje
1/3
Bus+Traekt+Smestuvanje
Duplex 2/2+1
Bus+Traekt+Smestuvanje
16.05.2026
7 ноќи
104 116 83     67
23.05.2026
7 ноќи
112 128 75
30.05.2026
7 ноќи
116 136 80
06.06.2026
7 ноќи
123 144 86
13.06.2026
7 ноќи
142 173 104
20.06.2026
7 ноќи
142 173 104
27.06.2026
7 ноќи
148 181 108
04.07.2026
7 ноќи
155 237     190 112
11.07.2026
7 ноќи
161 248     199 149    120
18.07.2026
7 ноќи
168 259     208 155   124
25.07.2026
7 ноќи
168 259     208 124
01.08.2026
7 ноќи
168 259     208 155     124
08.08.2026
7 ноќи
209    168 259    208 155    124
15.08.2026
7 ноќи
161 248     199 149   120
22.08.2026
7 ноќи
155 237     190 149    120
29.08.2026
7 ноќи
148 226     181 139     112
05.09.2026
7 ноќи
148 226    181 129     104
12.09.2026
7 ноќи
136 199     160 129   104
19.09.2026
7 ноќи
116 136 99     80

Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

 

Локација:  Penelope Vila

 
 
BLACK FRIDAY до -30% за резервации со комплетни уплати до 28.11.2025 

Контакт

Имате дополнителни прашања?

Локација:

Борка Талевски бр 53, 1000 Скопје, Македонија

Работно време:

Пон-Петок:
09:00 - 16:00

Сабота:
10:00 - 15:00

Контакт

Имате дополнителни прашања?

Име и презиме
Телефонски број
Е-пошта
Вашата порака
Се испрќа
Вашата резервација е направена.Ви благодариме!