+389 78 386 405

Истанбул - 8 септември

ГРАДОТ НА БОСФОРОТ КОЈ ЌЕ ПОСАКАТЕ ДА ГО ДОЖИВЕЕТЕ ПОВЕЌЕ ПАТИ ВО ЖИВОТОТ!

 

Истанбул 8 септември

Автобус 4 дена/ 2 ноќевања

Истанбул е една од најголемите светски метрополи и се протега на два континента, Европа и во Азија преку пространиот Босфорски проток. Па воопшто и не е чудно што Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град".

 

 

1 ден 06.09.2024г.

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 15:30 и пoѓање за Истанбул во 16:00 часот. Се патува преку Р. Грција – граничен премин Евзони со попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден 07.09.2024г.

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија… Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, висока (238м), од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. Потоа, предлагаме возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Сместување во хотел... Факултативно, во попладневните часови предлагаме посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор... Европа - Азија). Слободно време да се ужива во ова прекрасно место за да се испие кафе и да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул - ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

3 ден 08.09.2024г.

Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Прошетка низ Таксим -главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави. Продолжуваме со пешачка тура во Срцето на Истанбул - Султан Ахмет плоштад, каде што ќе може да се слушне приказната за Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул - Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија - изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј,... Факултативно, прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните... Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина. Посета на Капали Чаршија- затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини... Вечерта можност за ноќно крстарење по Босфор со вечера и шоу програма каде може да се вкусат традиционални турски јадења и да се ужива во ориентална музика и ориентални танци. Ноќевање.

4 ден 09.09.2024г.

Појадок. Посета на Пјер Лоти, ридот со поглед на Златниот рог во Ејуп. Ридот на Пјер Лоти нуди спектакуларен панорамски поглед на седумте ридови во Истанбул, можност да се вкуси најубавото турско кафе и најубавото Ѓомлезе во градот. Тука ќе ја слушнете и приказната за забранетата љубов на Пјер Лоти и Азизе. Прекрасен излет покрај брегот на Златниот рог, се посетува стариот историски кварт на Истанбул, познат под името Балат, со тесни улички, стари и колоритни куќи - место каде што се снимаат бројни турски серии... Посета на Вселенската Патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви со седиште во Истанбул. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум, Ikea, Decatlon, Koctas… Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Р.Грција со попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 27.08.2024 - 109 €

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 €

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел со 3*** во Истанбул(Аксарај /Лалели) на база 2 ноќевања со појадок
  • Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Хиподромот, Сината Џамија, Капали чаршија...
  • Посета на Таксим
  • Посета на трговски центар Форум
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Факултативни излети:

  • Задолжителен панорамски разглед на Истанбул со локален водич - 10€
  • Крстарење со брод по Босфор - 20€
  • Посета на “Sapphire Seyir Terasi” со 4Д проекција - 35€
  • Посета на Азискиот дел Ускудар - Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас - 15€
  • Турска вечер на брод (трансфер,вечера,неограничено безалхохолно пиење,шоу) – 45€
  • Посета на Пјер Лоти и Златен Рог (влезница, водич) - 10€
  • Посета на Топ Капи Палата( со Харемски дел ) ( водич, влезница) - 60€
  • Посета на Долма Бахче Сарај ( со Харемски дел ) ( водич, влезница) - 50€
  • Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата) - 32€

ИНФОРМАЦИИ:

  • Доплата за 1/1 соба - 40€ дополнително од аранжманот
  • Туристичка такса 2€ за целиот престој, по лице ( се плаќа во агенција )
  • Задолжително патничко осигурување
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање , во случај на недоволен број на патници.
  • Пасошот треба да има важност од 6 месеци на датумот на завршувањето на патувањето.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата. За избор на седиште по желба се доплаќа 10 евра (по седиште).
  • Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на активностите по програмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Т.А Фул Сервис Операторс.

Контакт

Имате дополнителни прашања?

Локација:

М.Т.Гологанов (Иво Лола Рибар) 36 лок.2, 1000 Скопје, Македонија

Работно време:

Пон-Петок:
09:00 - 16:00

Сабота:
10:00 - 15:00

Телефон:

+389 78 386 405

Контакт

Имате дополнителни прашања?

Се испрќа
Вашата резервација е направена.Ви благодариме!