+389 78 386 405 +389 76 217 358

Букурешт Нова Година

Програма на патување:  

30.12.2025 ( вторник) СКОПЈЕ  –  БУКУРЕШТ

 

Состанок на групата кај  спортската   сала   Борис   Трајковски   во  18.00  часот Поаѓање   за   Романија   во  18.30  часот Ноќно   возење   преку   Бугарија   до   Романија   со   попатни   паузи   за   одмор  и  обавување   на   царински   формалности .

 

31.12.2025 ( среда ) БУКУРЕШТ

 

Пристигнување   во   Букурешт   во   претпладневните   часови Главниот   град   на   Романија  е  познат   уште  и  како   Мал   Париз   на   Истокот “  заради   своите   монументи Следи   разглед   на   градот Плоштадот   на   револуцијата Операта Војничката   Академија Триумфалната   Капија Палатата   на   Парламентот   –  најголемата   административна   зграда   во   Европа Патријаршијата ...  По   разгледот   се   сместуваме   во   хотел Слободно   време   за   одмор   од   патувањето Вечерта   дочек   на   Новата  2026та  Година   на   еден   од   плоштадите   во   Букурешт   со   шоу   програма Враќање   во   хотел Ноќевање .

 

01.01.2026 ( четврток ) ТЕРМАЛНИ БАЊИ

 

Појадок По   појадокот   имаме   единствена   можност   да   ја   започнеме   Новата   Година   на   уникатен   начин Заминуваме   на   организирана   факултативна   посета   на   Термалните   бањи   лоцирани   северниот   дел   на   Букурешт Термалните   бањи   се   уживање   за   сите   сетила имаме   на   располагање  9  базени   со   термални   води , 6  сауни , 4  парни   бањи  и 16  водени   тобогани Во   склоп   на   самата   бања   има   прекрасна   ботаничка   градина   со   преку  800.000  илјади   растенија вклучувајќи   ги  и 1,500  палми орхидеи  и  ред   други   уникатни   видови   на   растенија Идеално   место   за   да   избегнете   од   секојдневниот   градски   живот  и  за   нови   незаборавни   спомени Во   договорено   време   се   враќање   во   хотел Вечерта   можност   за   огранизирана   ноќна   посета   на   Букурешт Враќање   во   хотел Ноќевање .

 

02.01.2026 ( петок ) ПЕЛЕШ  –  БРАН  –  БРАШОВ

 

Појадок По   појадокот   се   упатуваме   на   целодневен   факултативен   излет   кон   Трансилванија Посета   на   преубавиот   замок   Пелеш замокот   Бран  и  магичното   гратче   Брашов .

 

Пелеш

 

Во   прекрасниот   планински   пејзаж   на   Карпатите  е  сместена   една   од   најдобро   зачуваните   Кралски   палати на   постоечка   средновковна   патека   помеѓу   Трансилванија  и  Влашка изградена   во   Нео-ренесансен   стил грандиозната   палата   на   замокот   Пелеш Изградена   да   служи   како   летна   резиденција   на   првиот   Романски   крал , е  комбинација   од   различни   класични   Европски   стилови воглавно   ја   следи   италијанската   елеганција германската   естетика  и  ренесансните   линии На  3,200  квадратни   метри   површина   се   простираат  30  купатила  и 170  соби   уредени  и  категоризирани   по   стил   или   по   одредена   светска   култура , а  во   нив галерии библиотеки,канцеларии Самиот   дворец   поседува   една   од   најубавите   колекции   на   уметност   во   Источна  и  Централна   Европа   составена   од   статуи слики оружје мебел сликано   швајцарско   стакло,таписерии кинески   порцелан ...  Преку  6,000  парчиња   кои   ви   го   одземаат   здивот .

 

Бран  “ домот   на   Дракула”Бајковитиот   замок   Бран според   легендарниот   роман   на   Брам   Стокер   –  домот   на   Дракула Историски   замокот   прв   пат  е  користен   за   одбрана   против   Отоманската   империја , а  подоцна   станал   место   за   царина   на   планинскиот   премин   помеѓу   Трансилванија  и  Валахиа ( Влашка ).  Владетелот  и  воин   Влад   Цепеш никогаш   не   живеел   во   овој   замок но   се   верува   дека   во   времето   на   контрола   од   Отоманската   империја поминал   два   дена   затворен   во   занданите   на   замокот Од  1920год.  замокот   станува   Кралска   резиденција  и  дом   на   Кралицата   Мари чија   ќерка   го   наследила   за   подоцна   да   биде   превземен   од   комунистичкиот   режим По   новите   воведени   закони   во  2006,  Романската   Влада   одлучила   да   му   додели   сопствеништво   на   замокот   на   Тосканскиот   принц  и  војвода   од   Австрија   –  Доминик   Вон   Хапсбург кој   по   дилемата   да   го   продаде се   одлучил   да   го   создаде   денешниот   музеј   –  посветен   на   темната   легенда   за   Дракула митовите интригите   историјата  и  магијата   на   ова   место .

 

Брашов

 

Лоциран   во   централна   Романија Брашов   уште   се   нарекува  и " Градот   на   Саксонците " и е  еден   од   нејзините   најголеми   градови   опколен   со   јужните   Карпати.Стариот   град   како   дел   од   Брашов  е  еден   од   најдобро   зачуваните   во   цела   Европа  и  несомнено   вреден   да   се   истражи Фантастичната   архитектура   ја   пренесува   историјата  и  влијанијата   од   Германија Австрија Унгарската   империја  и  старата   комунистичка   држава Основан  е  од   тетонските   витези  и  развиен   од   Саксонците познати   ракотворци кои   ги   издигнале   тврдините   на   градот неодамна   обновени   од   Унеско Градот   има   најмалку   два   влеза порти   кои   сеуште   постојат Центарот  е  најзабележлив   по   маркантната   поранешна   административна   зграда , Casa  Sfatului плоштадот   кој   ја   опколува   како  и  една   од   најстарите   куќи Хиршер   Хаус сопствеништво   на   богат   трговец Во   близина   ќе   ја   посетиме  и  Црната   Црква за   која   некои   тврдат   дека  е  најголемата   црква   изградена   во   готско-ренесансен   стил   во   Југо-Источна   Европа На   нејзино   место   постоела   друга   црква   уништена   од   Монголската   инвазија   во  1242  год .

 

Враќање   во   хотелот   во   Букурешт   во   вечерни   часови Ноќевање .

 

03.01.2026 ( сабота ) ШОПИНГ МОЛ - СКОПЈЕ 

 

Појадок Напуштање   на   хотелот   во   договорено   време   со   водичот  и  заминување   кон   Македонија   со   попатна   посета   на   шопинг   мол Предвидено   време   за   шопинг кафе  и  ручек Пристигнуавање   во   Скопје   следниот   ден   во   раните   утрински   часови .

ПРОМО ДО 15.12.2025 - 179 €/11.098 ден

РЕДОВНА ЦЕНА - 199 €/12.338 ден  

Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 €/62 мкд

Цена по лице за минимум 2 лица во соба

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

•  Автобуски превоз на наведената релација

•  Сместување во  Ibis   Bucharest   Politehnica  3* на база 3 ноќевања со појадок

•  Разглед на градот Букурешт

•  Организирани разгледи според програмата

•  Организација и реализација со туристички придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

•  Пакет факултативни излети дворците на Трансилванија 70 €  кои вклучуваат:

- посета на замокот  Пелеш  со вклучен превоз, влезница и водич,

- посета на дворецот Бран (Замокот на Дракула) со вклучен превоз, влезница и водич

- посета на градот Брашов со превоз и водич

Напомена: задолжителна уплата на дел од  изност  - 20 €  во агенција заради претходна резервација за оваа  факултатива

•  Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт превоз и водич 20 € ( влезница за бањите, користење 3 часа, не е вклучена во цена и е со доплата на лице место во зависност од избор на пакет услуги).

•  Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (45 €  превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа)

•  Вечерна посета

•  Туристичка такса 10 €  по  лице (задолжителна доплата во агенција)

•  Патничко и здравствено осигурување

 

Попусти и опционални доплати:

- Дете до 12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет -10% попуст

- Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума

- Доплата за еднокреветна соба 90 €/5.580 ( на барање)

- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10 €/620 ден (мин. 2 седишта)

- Доплата за дополнително седиште во автобус -80 €/4.960 ден

 

Напомени:

- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.

- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.

- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1 €=62 мкд.

- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.

- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и  Фул Сервис Оператор.

Контакт

Имате дополнителни прашања?

Локација:

Борка Талевски бр 53, 1000 Скопје, Македонија

Работно време:

Пон-Петок:
09:00 - 16:00

Сабота:
10:00 - 15:00

Контакт

Имате дополнителни прашања?

Име и презиме
Телефонски број
Е-пошта
Вашата порака
Се испрќа
Вашата резервација е направена.Ви благодариме!