+389 78 386 405 +389 76 217 358

Атина Рамазан ⭐⭐⭐

🌙 РАМАЗАНСКИ ВИКЕНД ВО АТИНА – ГРАДОТ НА БОГОВИТЕ
🗓️ Датум: 19.03.2026 – 22.03.2026
🚌 Превоз: Високотуристички автобус
🏨 Сместување: Хотел 3★ – Атина (Глифада или околина)
🏛️ Посета: Акропол , Коринт , Пелопонез , Сунион 🌊
💶 Цена: од 149€ / 9.238 ден. (ПРОМО до 31.01.2025)
🧳 Организатор: Фул Сервис Оператор

Во чест на продолжениот мартовски викенд за Рамазан, Ве водиме во Атина – вечниот град на боговите, историјата и модерниот медитерански дух. Со импресивниот Акропол, живописните плоштади и автентичната грчка кујна, Атина е совршен избор за празнично бегство и незаборавен викенд.
 
Програма на патување
 
1.Ден 19.03.2026 (четврток) СКОПЈЕ 
Состанок на групата во 20:30 часот кај спортска сала Борис Трајковски. Поаѓање за Грција во 21:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица-Евзони, ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.
 
2.Ден 20.03.2026 (петок) АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор од патувањето. Вечерта можност за организирана вечера во грчка таверана со музика. Ноќевање. 
 
3.Ден 21.03.2026 (сабота)  АТИНА – КОРИНТ – ПЕЛОПОНЕЗ 
Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна. Враќање во хотел. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина или шопинг во Глифада. Ноќевање.
 
4.Ден 22.03.2026 (недела) СУНИОН
Појадок. Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Слободно време и заминување кон Македонија. Возење со гранични формалности и попатни паузи, пристигнување во доцните ноќни часови.
 
ПРОМО цена за пријава до 31.01.2025 - 149€/9.238ден
Редовна цена на аранжманот 169€/10.478ден

Цена по лице за минимум 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација 
- Сместување во хотел 3* во Атина (Глифада или околина) во двокреветни соби 
- Организиран разглед на Атина со локален водич
- Организација, реализација и водство на патувањето со лиценциран туристички придружник 
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса 5еур од соба од ноќ доплата на лице место 
- Факултативна екскурзија на Арголида-Пелопонез – 45е
- Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 15е
- Влезници за посета на локалитетите со водич (Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е, Посејдонов храм 10е)
- Патничко и здравствено осигурување
- Влезници по културно – историски споменици 
- Патничко осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 50еур на цената на аранжманот 
 
Напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 45 патници.  
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 50% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба. 
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Фул Сервис Операторс.

Контакт

Имате дополнителни прашања?

Локација:

Борка Талевски бр 53, 1000 Скопје, Македонија

Работно време:

Пон-Петок:
09:00 - 16:00

Сабота:
10:00 - 15:00

Контакт

Имате дополнителни прашања?

Име и презиме
Телефонски број
Е-пошта
Вашата порака
Се испрќа
Вашата резервација е направена.Ви благодариме!